Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Кога ја говориш вистината

Вистината против неразумното владино трошење

https://www.pikrepo.com/faccd/giordano-bruno

Еден мал пркос ми дава надеж дека имало сѐ уште непослушници и кај нас...

          „Најверојатно твојот страв од спроведување на пресудата е поголем од мојот страв да ми биде пресудено“, му рекол Џордано Бруно на својот судија.

          Џордано Бруно е роден 1548 година и бил запален на клада во Рим во 1600 година од страна на Инквизицијата.

          Првата и најбитна точка во обвинението на Инквизицијата против него била: „Има мислења спротивни на католичките верувања и говори против Цркавата и нејзините министри”. Хмм, како да сум го слушнал ова деновиве.

          Не, не сакам од Стојко Пауновски да направам маченик и великан како Џордано Бруно, но во ситуацијава се фаќам за сламка, за еден мал пркос кој ми дава надеж дека имало сѐ уште непослушници и кај нас.

          Џордано Бруно не беше запален на клада зошто веруваше во Коперниковиот модел на веселенските тела. На пример, Коперник го измисли тој модел и си доживеа длабока старост и доби црковен погреб. Исто така, многу попознатиот Галилео Галилеј, си веруваше во хелиоцентризмот, но во 1616 пред комисијата на Инквизицијата јавно се откажа од идејата и нејзиното пропагирање (сигурно притоа си го замислувал Бруно како гори) и до крајот на животот докажуваше дека не ја брани и порпагира таа теорија, па и тој си доживеа длабока старост. Џордано Бруно јавно и во секоја прилика го пропагираше и бранеше својот став и по седум години истрага, мачење и притисоци, сепак не се откажа од него, па затоа и беше опасен за апсолутната власт на Ватикан и за апсолутната моќ и непогрешливост на Инквизицијата.

          Денес бев сведок на изјава на Премиерот на државата во која живеам, а не е моја држава (понатаму ќе сфатите и зошто): „Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да функционира.“

          Пред 421 година, Католичката црква имаше поставено хиерархија и секој пркос кон таа хиерархија беше казнуван така што на помалку јавните личности им беа одземани позиции, титули, беа протерувани и слично, а на повеќе јавните и поопасните им се закануваше бесење, палење и мачење.

          Во денешно време постигнат е голем напредок – нема палење и бесење, но сè останато е исто, си имаме хиерархија, си имаме забрани и догми, си имаме инквизиција. Како е денес во државата во која живеам? „Барем нема палење на клада“, би рекле моите сограѓани, „па поради тоа мора да има ред и поредок.“ Не, нема поредок, а за редот одлучува оној кој е највисоко во хиерархијата, иако тоа би требало да биде народот, плаќачот на даноци кој ја финансира и владата и собранието и министрите и директорот на инспекторатот Стојко Пауновски. И да, тој народ очекува дека сите се овие професионалци кои тие ги ангажирале да извршуваат дејности и функции за заедничкото добро на народот, а не за доброто на премиерот, на министерот, на владата, туку на народот. И така некојси Стојко Пауновски се дрзнал да биде професионалец и наместо да си го знае местото во хиерархијата, не само што не го послуша патријархот, туку и јавно за тоа проговори пред оние на кои им служи. Тоа е тој инквизициски менталитет, таа арогантност на политичарите во државата во која живеам, нивното мислење дека тие се на врвот на хиерархијата и дека сите ние подолу во нивната хиерархија сме им потчинети. А ќе се изналушаме како треба цврста рака, како моите сограѓани се сложуваат со хиерархијата, како се согласуваат дека непослушноста мора да се казни, додека истите тие граѓани се бунат кога во некоја приватна фирма некој ќе биде отпуштен зашто работел против инструкциите на директорот. Епа во приватна фирма тоа е нормално, бидејќи секоја добра или лоша одлука е на штета или профит на сопственикот и тој има право да си одлучува. Од друга страна пак, сопственикот на државата и сите нејзини асети е народот и народот тој кој треба да одлучува, а не да одлучува некој министер, премиер или директор.

          Ја слушам срцепарателната изјава на Премиерот како оние вработени според Рамковниот договор биле наши сограѓани, наши луѓе, па треба да им помогнеме, да ги сместиме некаде... Но, од мене има едно НЕ, бидејќи тие не се „мои луѓе“, туку тие се луѓе кои на нечесен начин добивале приход кој мене државата насилно ми го одзема од мојата заработка и така прави криминал, исто како што и секој кој туѓото незаслужено го користи прави криминал, а за криминалци нема помош. Тие со години добивале месечен надомест за никаква работа, не се ни појавувале на работа.

          „Најверојатно твојот страв од спроведување на пресудата е поголем од мојот страв да ми биде пресудено“ – последните запишани зборови на Џордано Бруно, кој бил свесен дека пресудата кон него не е донесена за правда, како што не е донесена ниту од омраза, туку е донесена од страв, страв од вистината, страв дека на хиерарјијата ќе ѝ дојде крајот, како и на моќта на Ватикан и на Инквизицијата. Бруно немал страв, бидејќи не може да се плашиш кога ја говориш вистината.

Поврзано

Државен буџет

Апсурдно финансирање на политичките субјекти

Александар Богоевски 23.01.2022.

Државен буџет

Апсурдно финансирање на политичките субјекти

Александар Богоевски 23.01.2022.