Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Фредерик Бастија

Западен Балкан има потреба од размислувањата на Бастија

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Бастија во своите трудови и есеи прикажал грешки слични на тие кои се случуваат во економиите на Западниот Балкан...

            Голем дел од проблемите кои постојано се случуваат и често се повтараат во таканаречениот Западен Балкан извираат од гледањето само на првенствените резултати од економските политики на владите, тие резултати кои можеме да кажеме дека лесно се приметуваат со „голо око“, а другите ефекти, кои обично се и побројни и негативни, буквално се забораваат и не се согледуваат од страна на населението. Немањето интерес за согледување на тој втор бран негативни и не толку очигледни последици од одлуките, често е поради неинформираност за како уствари државната екномија функционира, криење на тие последици од страна на државните структури, но и од чиста мрзливост на луѓето. Фредерик Бастија, франзуски економист од 19 век, во своите публикации, дава одлични аргументи како тоа граѓаните во Франција не ги согледувале пошироките економски последици од државната интервенција во економијата, најмногу преку некритикувањето или поддршка на протекционистичките мерки воведени од нивната влада како што е поставување на тарифи, оневозможување на слободна трговија од страна на државата и исто така, уништувањето на рамноправната конкуренција во самата држава.

            Фредерик Бастија е роден во Бајон, Франција во 1801 година. Татко му бил трговец кој продавал и купувал на големо, но поради неговата рана смрт, Бастија станал сираче и пораснал со неговите дедо и тетка. На само 17 годишна возраст, го напуштил школото во Сорезе за да почне да работи со неговиот чичко во фамилијарниот бизнис со трговија, истиот тој во кој татко му бил партнер. Веројатно, уште во млади години додека работел со чичко му, почнал да се развива неговиот интерес за макроекономија. Кога неговиот дедо починал, он го наследил имотот и тоа му дозволило да ги проширува своите студирања на полето на филозофијата, економијата, историјата и политиката. Дефинитивно Адам Смит и Жан Батист Сеј се едни од луѓето кои најмногу му имаат влијаено за неговото економско и политичко размислување. Бастија стана политички активен веднаш по Револуцијата во 1830 година, а неговата јавна кариера како економист започна тек во 1944, кога во следните шест години од животот, успеа да објави брилијантни есеја и трудови кои во најдобро светло, тогаш, но и во сегашно време, го промовираат и го подржуваат слободното  тргување и слободниот пазар. Преку сеопфатни аргументи ги ништеше теориите кои го бранеа протекционизмот на државите и државните субвенции и секако, остави огромен впечаток врз размислувањата на класичниот либерализам и Авситрската школа. Двата негови најдобри труда се „Економски софизми“ од 1845 и „Закон“ од 1850 година. 

            Бастија во неговите трудови често го користел методот за аргументација наречен метод на претерување или reductio ad absurdum. Главното нешто што тој метод за аргументација пробува да објасни е дека за да се увиди дали некоја одлука на државата или некој поединец е добра, тогаш треба да се доведе самото тоа до некоја крајност, бидејќи само така можеме да ги видиме вистинските ефекти од некои мерки кои се донесуваат. Бастија во своите трудови користи многу интересни примери кои ќе ги спомнеме и кои во економските светски кругови сè уште се користат.

            Во своите есеи кои се дел од „Економски софизми“, тој длабоко ги критикува неефикасностите во работењето на владите и нивниот интервненционизам во економијата поради тоа што, директно и индиректно, обезхрабруваат ефикасност, а најмногу го прават тоа преку замислата дека најбитно е да има што повеќе работа за граѓаните без претходно направени анализи дали таа работа е потребна, придонесува или е добра за целовкупното општество. Еден од начините на кои владите тоа го прават е преку протекционизам од надворешни продукти во домашната економија, пример воведување тарифи. Друг начин со кој исто така обесхрабруваат ефикасност е преку вработување на прекумерен број луѓе во јавниот сектор, со цел да се претстави намалена невработеност. Бастија во Економски софизми дава голем број примери за таквото функционирање на владите преку кои намерно тие ствараат неефикасности за да се намали невработеноста. Бастија ги прашува читателите: доколку стварање неефикасност само за да има населението работа е добро, тогаш секогаш е тоа добро дури и во екстремни случаи, па затоа користејќи reductio ad absurdum, тој го дава следниот пример. Ние како народ би требало да побараме од кралот да забрани користење на десната рака на целото население, или уште подобро да му се исече на секој граѓанин десната рака, бидејќи на овој начин ќе ни требаат два пати повеќе луѓе да го сработиме тоа што моментално ни треба да го сработиме за да ги постигнеме истите резултати, со тоа исто би имале два пати повеќе работни места. Во мислите на протекционистите и на етатистите, тоа би требало да звучи добро бидејќи со ваков потег со сигурност би имале дупло помала невработеност. Но, ете кога ќе се доведат работите до некоја крајност, стварно можеме да увидиме колку абсурдно некои наши постапки или одлуки уствари звучат па и какви абсурдни ефекти имаат врз економјиата, едноставно е, повеќе работа не секогаш значи повеќе богатство за една нација.

            Бастија во Економски софизми исто така ги критикува владите за тоа како постојано креираат оскудност во општеството преку нивното интервенирање во специфични индустрии на пример воведувајќи тарифи со тоа што би се заштитиле домашните фирми од странски продукти, па и фаворизирање на специфични индустрии во споредба со други и слично. Бастија многу едноставно објаснува дека во економијата постојат два круцијални закони, тие се Законот на изобилство и Законот на оскудност. Тие два закона се во постојан „конфликт“ во економијата бидејќи тие се тие кои на крај влијаат врз цените на продуктите и услугите во државата па со тоа и на благосостојбата на населението. За да видиме кој од тие два закони е подобар, треба да одиме во крајност. Дали мислите дека е подобро да се има многу од сè, со што цените би се намалиле или малку од сè со што цените би се покачиле и за некои луѓе би биле и прескапи? Секако дека сите би преферирале да имаме многу од сè и да можеме сè да си приуштиме па знаејќи го тоа, тогаш зошто државата воведува мерки со што би го намалил бројот на продукти со кој ние би уживале воведувајќи тарифи и квоти, на тој начин покачувајќи ги цените на странските добра во нашата држава? Зошто е битно од каде доаѓа продуктот доколку е квалитетен и поефтин од домашниот? Нели благосостојбата на населението и стандардот на живот се мери со тоа дали можеме да си приуштиме продукти и услуги во поголем број? Некој ќе каже, домашниот продукт креира работа во домашниот пазар, вработува луѓе. Да, тоа е точно, но пак тука забораваме што е суштитаната на благосостојбата на населението и знак на силната економија, дали е тоа да има повеќе вработеност или таа вработеност да биде ефикасна? Едноставно, доколку може да се добие тој ист продукт или подобар продукт за помала цена, тогаш зошто да не им се дозволи на нашите сограѓани тоа да го уживаат како што други луѓе во други држави тоа го прават.

            Секаде во светот, особено во Западниот Балканот, гледаме како протекционизмот, фаворизирањето на специфични индустрии, социјализмот и други слични интевенционистички политики и иедеологии ги има се повеќе, а причините за тоа се две, едната е тоа што луѓето ги согледуваат и вреднуваат политиките по нивните намери а не по нивните резултати, а другата е по тоа што населението ги гледа првенствените и поочигледните ефекти од политиките, а го игнорира вториот бран директни и индиректни ефекти врз економијата кои доста често се и подоглотрајни. Доколку објективно и претпазливо ги согледаме тие секундарни ефекти од одлуките, ќе можеме да дојдеме и до кој првенствени одлуки ги предизвикале тие ефекти и така да ги корегираме доколку има потреба.

            Бастија користејќи ја логиката и црвтстите аргументи давајќи точни примери, успеа населението да ги разбере последиците на голем дел од одлуките на тогашните француски влади, што е огромен придонес за населението, не само во тоа време, туку и за следните генерации кои преку тие примери, почнаа да разбираат како функционира државната економија, пазарот па и светската трговија. Со сигурност некои од овие примери кои Бастија ги дава во своите трудови и есеи може да ги согледаме и денешните проблеми во економиите на Западниот Балкан и како тие грешки постојано се случуваат поради неинформираност на населението за ефектите врз целата економија и со тоа врз нивниот стандард на живот и благосостојба. Запомнете, одлуките на владите имаат многу поголеми ефекти од тие кои се првенствено најочигледни и доколку сакаме да дознаеме дали некоја одлука од централната или локалната власт е ефективна и успешна, можеме да го искористиме reductio ad absurdum како еден од начините со кој ќе дојдеме до заклучок дали некоја одлука е добра или лоша за благосостојбата на целовкупното наше општество.

Поврзано

Ковид-19 апсурдност

Симон Саревски 10.07.2021.

Вистинскиот економски парадокс

Економијата врз еден конкретен пример

12.05.2021.

Ковид-19 апсурдност

Симон Саревски 10.07.2021.

Вистинскиот економски парадокс

Економијата врз еден конкретен пример

12.05.2021.