Email Facebook Twitter LinkedIn
×ECR Party
The Conservative
ECR Party
TheConservative.onlineTwitterFacebookInstagramYouTubeEmailECR Party’s multilingual hub for Centre-Right ideas and commentary
MacedonianMacedonianEnglishBulgarianCroatianCzechItalianPolishRomanianSpanishSwedish
The Conservative
Новости и коментари   |    TV   |    Print   |    Колумнисти

Адам Смит и листата на Градскиот совет на Единбург

Image by scotlandstudycentre from Pixabay

Дали оваа негова изјава навистина значи дека поддржувал ропство и колонијализам!?...

          Пред неколку седмици Градскиот совет на Единбург, предводен од Готфри Џеф Палмер, доби задача да утврди кои се личностите од британската и светската историја чие вечно почивалиште се наоѓа токму тука или пак постојат статуи и улици во нивна чест на подрачјето на овој град, а кои се доведуваат во врска со периодот на колонијализмот и ропството. По утврдувањето и составувањето листа истакнати личности со свои градски споменици коишто сепак биле своевремени поддржувачи на колонијализмот и ропството, дополнително се спроведе дискусија во Советот на градот за понатамошните чекори. Една од личностите кои се најдоа на оваа листа е и Адам Смит, татко на капитализмот, човек кој дал значен придонес за економските науки и исто така развил конкретни филозофски и етички принципи, а чијашто надгробна плоча се наоѓа токму во Единбург, како и статуа во негова чест поставена во центарот на градот.

          Се вели дека главната причина поради која неговото име се најде на споменатата листа е една реченица која ја напишал Адам Смит во своите трудови: „Речиси невозможно е [ропството] некогаш да биде во потполност укинато.“ Оттука се поставува прашањето дали оваа негова изјава навистина значи дека поддржувал ропство и колонијализам!?

          За да одговориме на тоа прашање, пред сè треба да го имаме предвид периодот во кој Адам Смит живеел и придонесувал за науката, пишувајќи економски и филозофско-етички трудови. Единствено на тој начин би биле во можност да увидиме дали тој навистина придонел за јакнењето на колонијализмот и ропството или им се спротиставил, додека сите останати ги прифаќале како нешто нормално без сомнение дека и двете општествени појави се погрешни и неморални. Имено, во 18-от век според тогашното ниво морални вредности во поголемиот дел од светот било сосема легално да се поседуваат робови и да се тргува со нив, исто како што било легално и морално ширењето на колонијализмот додека западните земји меѓусебно се бореле и надметнувале за моќ и територија. Тоа значи дека мошне ретки биле оние кои имале спротивно размислување од мнозинството или пак воопшто се осмелувале да им се спротистават на воопштените сфаќања за робовладетелството и колонијализмот. Доколку би се нашол некој поединец, подготвен да го тврди спротивното и да им се спротистави на тогашните сили, секоја аргументација против робовладетелството би создала несопирлива лутина кај робовладетелите ширум светот, како и кај самите власти кои го поддржувале и дозволувале со закон! Затоа, секое јавно спротивставување, едноставно би создало голем број непријатели. Сепак, такви поединци постоеле, а А. Смит всушност многу зборува за ропството во „Богатството на народите“ и во своите „Предавања за правда “, иако предавањата никогаш не ги објавил.

          Со цел колку што е можно подобро да ги истолкуваме неговите размислувања и спротиставени ставови во врска со робовладетелството и колонијализмот ќе разгледаме некои делови и извадоци од неговите трудови, токму оние кои се разгледувани како доказ во врска со тоа дали би требало А. Смит да остане на фамозната листа колонијалисти од градот Единбург; извадоци кои се умерени, но преку економска мисла кажуваат многу. Во своите трудови, А. Смит тргнува од мислата дека работата која ја вршат робовите е генерално помалку продуктивна од слободната работна сила, бидејќи слободните луѓе работат за себе и затоа работат многу поефикасно и подобро, а кога ќе се одземат сите трошоци дури работат и за помалку, па од тие причини А. Смит заклучува дека воопшто не е во интерес на сопствениците да поседуваат робови. Тој исто така забележува дека ропството го намалува растот на продуктивноста затоа што робовите немаат никаков поттик да придонесуваат и да ја унапредуваат работата и дека овој факт е и главната причина зошто економскиот развој на општествата бил успорен низ историјата. Сега замислете си како во еден свет каде што голем дел од населението мисли дека поседувањето робови е круцијално за некој да се збогати или да си го задржи богаството се појавува човек како Адам Смит кој го тврди токму спротивното.

          Но, и покрај ова, некои ќе речат дека Смит не бил против робовладетелството од морални причини, туку од економски. Сепак, во своите текстови, А. Смит децидно ги критикува оние кои поседуваат робови токму поради немањето морални вредности и етика, велејќи дека тие се „горди“ луѓе кои сакаат да доминират врз други, а не умеат да ги убедат со зборови или со пари, односно како што напишал Адам Смит „гордоста човекот го тера да обожува да надвладее и ништо не го ужаснува толку колку тоа да биде обврзан да попушти во убедувањето на своите инфериорни. Секаде каде што тоа е дозволено со закон, а природата на работата создава можности за тоа, човекот генерално ќе претпочита служба на робови отколку на слободни.“ Авторот со тоа многу убаво објаснува дека оние кои поседуваат робови не го прават тоа поради економски причини за развој на својот бизнис, бидејќи обично тие се аристократи или трговци кои веќе се богати и заштитени од властите, туку дека поседувањето робови доаѓа од желбата на човекот за доминација врз оние за кои тие мислат дека им се инфериорни, без оглед на тоа дали се исплатливи економските причини за тоа или не. Адам Смит, во своите текстови, со употреба на тежок вокабулар го критикува карактерот на оние кои тргуваат со робови. Евидентни се, кај овој автор, размислувањата за природните права на поединецот, а изразени во контекст на правото на поединецот да го поседува сопствениот труд, бидејќи, како што тој наведува, тоа е всушност основата на секоја друга сопственост или природно право на поединецот. 

          Имајќи ги предвид околностите и условите на времето во кое Адам Смит творел и живеел, можеме да заклучиме дека тој всушност неизмерно придонел за промената во размислувањето на населението во тоа време. Таквиот начин на размислување бил за тоа време и општество радикален и оддекнал не само во градот Единбург туку и многу пошироко. Освен тоа што можеме моралните вредности на Адам Смит да ги согледаме, разбереме и анализираме преку толкување на неговите промислувања за економијата на државите и луѓето, тој зад себе оставил и текстови во кои експлицитно пишува за своите ставови во врска со ситуацијата на робовите во светот и упатува на индивидуализмот и слободата. Веројатно ќе треба повторно да ги прочитаме делата на Адам Смит, за да разбереме дека голем дел од тие принципи се угнетувани и денес.

Поврзано

Adam Smith at Eidsvoll

Norway’s (Classical) Liberal Tradition

Hannes H. Gissurarson 17 May 2021

Eloquent opponent of slavery

Adam Smith, of All People

Hannes H. Gissurarson 18 March 2021

Adam Smith at Eidsvoll

Norway’s (Classical) Liberal Tradition

Hannes H. Gissurarson 17 May 2021

Eloquent opponent of slavery

Adam Smith, of All People

Hannes H. Gissurarson 18 March 2021