Ние сме всушност над 20 еко и волонтерски организации под една капа, организации што секоја на свој начин се бори за подобро Скопје...
Уште е рано за тоа, до сега само една конститутивна седница имал советот, но имам голема надеж дека ќе имаме многу плодна соработка со сите советници. Граѓаните нè избраа, за граѓаните и ќе работиме овие 4 години. Едно нешто што доста ме радува е дека на овие локални избори имаше и невообичано поголем број на независни кандидати. Тоа покажува дека граѓаните сакаат да се здружуваат и да работат надвор од рамките на постоечките политички партии, што овозможува вистински систем на избор и демократија, што мора да продолжи да се практикува и понатаму. Можеби тогаш тие +50% од гласачите што не излегоа на овие избори, ќе најдат соодветен кандидат за кого би гласале.
Ние, како граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, веруваме длабоко дека само експерти, активисти и докажани волонтери можат правилно да управуваат со градот, а не партиски кадар. Токму и затоа, после 7 години борба вон институциите, решив да се префрлам во нив, и од внатре заедно со сите други, да ги решаваме проблемите. Јас сум докажан активист, дека не потклекнувам на притисоци, и дека искрено се борам за Скопје да може да дише, и заедно со сличните приказни на сите други од ЗХГ, добивме поддршка од скоро 10.000 граѓани!
Не само што очекувам, туку и знам дека ќе ја имаме. Кој би бил будала да не поддржи проект што буквално на секој граѓанин во Скопје би му годел? Велосипедизмот помага во растеретување на гужвите со автомобили, за подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на човековото здравје, намалување на потребата за нови паркинзи за автомобили, штеди многу во нашите паричници и го намалува ризикот од повреда при сообраќајна несреќа. Затоа, за да се дојде до тие бенефити, мора да се инвестира во квалитетна, ефективна и општирна вело-инфраструктура низ целиот град, а потоа дури може и да се размисли поврзување на истата со други градови (како што е пракса во Холандија на пример). На нашата прва средба со новата Градоначалничка, таа веќе покажа голем интерес кон овој проект, така што немам зошто да се секирам дека тој нема да стане реалност!
Убавината на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД е што ние сме всушност над 20 еко и волонтерски организации под една капа, организации што секоја на свој начин се бори за подобро Скопје. Една од нашите организации е и Културно Ехо, која се обидува да ги ревитализира напуштените објекти во градот, и да ги пренамени за општа корист на граѓаните. Таков објект е и центарот Партизан во Карпош, кој треба да се врати назад на спортистите кои порано го имаат користено, како и секој граѓанин што би сакал да се рекреира во него. Затоа, веќе и нашите организации работат на такви проекти, а ние во Град Скопје сме тука да ги поддржуваме истите напори од внатрешноста на институциите.
Државата мора да биде таа која ќе им помага на зелените бизниси да заживеат, а Градот е тука да остварува соработка со истите. Пример за тоа е Фондот за иновации и технолошки развој, кој е тука да ги финансира добрите зелени идеи, кои понатаму можат да понудат услуга на Градот. Таков пример е и Мама Органа, која ја постави првата компостара за био-отпад во Општина Аеродром, со која се цели да се намали и до 60% од ѓубрето кое завршува на отпад. Градот треба да ја промовира истата идеа и низ другите општини, но воедно и да воспостави градска компостара со поголем капацитет. На овој начин, зелените инвестиции не само ќе се усмерат кон енергетската независнот на градот (на пример), преку фотоволтаици, но и во соработка со фирми кои веќе имаат изнајдено квалитетни решенија за Градот.
ЗХГ понуди голем број на проекти на овогодинешниот граѓански буџетски форум, преку кои на еден или друг начин се помага за намалување на аерозагадувањето. Од очигледните проекти, како хипер-мрежа на мониторниг станици, преку која ќе може финално да дознаеме кој колкав удел има во загадување на воздухот (индустрија, домаќинства, автомобили), до проекти за подобро менаџирање на отпадот, до повторно ставање во функција на Зелениот катастар за следење и развивање на зеленилото во Скопје, до примена на фотоволтаици барем на градксите објекти, и мнооогу други. Решенија има, воља ќе се бориме да има од другите за истите да се имплементираат.
Целосна дигитализација на градот. Јас би сакал концептот на архива да не постои (иако и законски тоа ќе треба да се смени), но јас како граѓанин би сакал сите услуги на градот да можам да ги извршувам онлајн, преку унифициран, едноставен и интелегентен систем, а тоа е и те како возможно. Воедно, треба да се дигитализира и работата на Советот, со пренос во живо на седниците на советот, до јавна екетронска евиденција од денвен ред, до присуство, до кој како гласал и заклучоци од секоја седница. Сето ова е прелесно да се изведе од технички аспект, ако сакаат и јас ќе им го направам! Се со цел да заличиме повеќе на Естонија, и да покажеме дека можеме и ние да владееме со дигиталниот свет (сте виделе колку ИТ кадар имаме, и колку студенти секоја година се запишуваат на ФИНКИ)!
Поврзано
Domenico Lombardi • 21 April 2022
Islamism
Begär riksdagsdebatt om tre dagars upplopp: ”Någonting har brustit i Sverige”Dick Erixon • 17.04.2022.
Domenico Lombardi • 21 April 2022
Islamism
Begär riksdagsdebatt om tre dagars upplopp: ”Någonting har brustit i Sverige”Dick Erixon • 17.04.2022.
Domenico Lombardi • 21 April 2022
Islamism
Begär riksdagsdebatt om tre dagars upplopp: ”Någonting har brustit i Sverige”Dick Erixon • 17.04.2022.
Domenico Lombardi • 21 April 2022
Islamism
Begär riksdagsdebatt om tre dagars upplopp: ”Någonting har brustit i Sverige”Dick Erixon • 17.04.2022.