Др. Ејмон Батлер е директор на Adam Smith Institute. Ејмон е автор на повеќе книги за значајните економските Milton Friedman, F A Hayek, Ludwig von Mises и Adam Smith и е ко-автор на Forty Centuries of Wage and Price Controls....
Ејмон Батлер: Растот и опсегот на светската трговија денес е запрепастувачки. Во 1950-та година трговијата претставуваше само 8.6% од светскиот БДП. Во 1980-та година таа беше двојно поголема, за во 2008-та година повеќе од тројно. За дваесет години трговијата сочинуваше неверојатни 60% од светскиот БДП вклучувајќи $20 трилиони во добра и над $5 во услуги. Покрај неизбежните привремени чекори назад (финансиски кризи, граѓански војни, меѓународни војни, трговски војни, дури и пандемии) се чини дека трговијата ќе продолжи со својата долгорочна експанзија. И со експанзијата дојде и глобализацијата – интеракцијат аи интеграцијата меѓу народите во светот, компаниите и економиите, носејќи растечки просперитет и ширење на идеи, култури и напредок.
Ејмон Батлер: Нема напредок без променa, но промената создава и победници и губитници. Луѓето во побогатите земји, на пример, се жалат дека поевтините странски работници ги земаат нивните работни места, додека посиромашните земји се загрижени дека традиционалните занаети се истиснати поради масовниот увоз. Но, нема смисла една земја да прави дома што може да купи, исто или подобро, поевтино од другите. Со специјализација, секоја земја ја подобрува својата продуктивност и долгорочните перспективи. Конкуренцијата што ја носи трговијата е поттик за овој напредок. Критичарите, исто така, се загрижени дека побогатите земји може да доминираат во трговијата и да ги остават другите зад себе, дека посиромашните работници се експлоатирани или дека културите се преплавени поради трговијата. Во реалноста, трговијата им го донесе, особено на најсиромашните во светот, најголемиот и најбрзиот пораст на просперитет во историјата.
Ејмон Батлер: Притисокот од производителите на кои им се заканува поевтина или подобра стока од странство води многу земји да поставуваат бариери против странските конкуренти. Некои можеби ќе сакаат да се направат себеси доволни, спротивставувајќи се на поевтиниот увоз додека нивните индустрии не станат доволно големи за да се натпреваруваат. Тие може да ги обвинат другите им дека продаваат евтина стока користејќи дампинг цени, поткопувајќи ги нивните сопствени производители. Тие може да се спротивстават на увозот од земји кои не ги делат нивните високи стандарди за вработување или животна средина. Можеби се загрижени дека трошат повеќе за купување стоки од други земји отколку оние што другите купуваат од нив.
Ејмон Батлер: Ако увозот и плаќањата на една земја се поголеми од нејзиниот извоз и приходи, велиме дека има дефицит. Тоа е проблем за нејзините политичари бидејќи земја што не си го плаќа патот изгледа слаба. Уште полошо, можеби ќе треба да се впушти во трошење на резерви (заштеди на земјата) или да се задолжува за да го покрие недостатокот. Имајќи го тоа на ум, земјите рутински имаат дефицит со некои земји и суфицити со други. Сè додека не трошите премногу, тоа е во ред.
Ејмон Батлер: За жал, повеќето политики за трговија не се водат од економската логика, туку од домашната и меѓународната политика. Затоа на трговијата и е потребна меѓународна рамка и глобално владеење на правото за да функционира добро. Ова не е лесна задача, со оглед на многуте притисоци врз земјите да ги заштитат своите индустрии и да подигнат бариери против другите. Но, немаме начин да знаеме каде ќе не однесе трговијата во иднина: нашата најдобра политика не е да се спротивставиме на промените, туку да им помогнеме на засегнатите да се прилагодат на неа.
Ејмон Батлер: Економските промени се постојан процес. Произведувачите на свеќи останаа без работа поради гасните ламби, шталите поради моторни возила, а оние кои пишуваа на машни беа заменети од компјутери и многу продавници од онлајн трговците. Вештачката интелигенција ќе револуционизира уште повеќе индустрии. Но, и покрај неволјата која ќе ја претрпат некои, таквиот напредок овозможува огромни подобрувања во животот на пошироката јавност – што е и целата поента на производството. Трговијата едноставно го забрзува овој неизбежен и корисен процес. Ако сакаме да им помогнеме на губитниците, најдоброто нешто е да им помогнеме да станат приспособливи и да развијат нови производствени стратегии кои се порелевантни за современите потреби – не само да им фрламе субвенции што ги одржуваат постоечките застарени индустрии.
Ејмон Батлер: Еколошките трошоци за транспорт се пониски од што мислиме. Контејнеризацијата и компјутерската логистика овозможуваат стоките да се испраќаат на големо со неверојатна ефикасност. Навистина, повеќето „милји со храна“ се последната милја помеѓу продавницата и домот на купувачот. А во ладни клими, алтернативата „купи локална“ за локално одгледување култури и животни би барало повеќе енергија отколку да се увезува од топлите клими. Значи, погрешно е да се осудува трговијата како целосно деструктивна за животната средина. И договорите на Светската трговска организација (СТО) и авистина ги земаат предвид еколошките грижи. Вистинската задача е да се организира трговија така што ќе ја заштитуваме животната средина додека сè уште го унапредуваме човечкиот напредок, особено за најсиромашните.
Ејмон Батлер: Глобализацијата ја зголемува толеранцијата токму поради придобивките што ги носи трговијата за поединците, групите и земјите кои инаку можеби не се согласуваат многу. Трговијата систематски ја истиснува дискриминацијата врз основа на националност, етничка припадност, боја на кожа, пол, сексуална ориентација, каста и сè друго – бидејќи оние кои одбиваат да се во контакт со други поради такви економски ирелевантни основи не ги добиваат целосните придобивки од вистинската глобална трговија. На пример, брзата експанзија на светската трговија од 1980-тите ја рашири толеранцијата за различни начини на живот. Тоа, исто така, придонесе за зголемување на статусот на жените, особено младите жени, во многу поголема мера од другите можни фактори како што е демократијата. А со тоа, трговијата го подобри животниот век на жените, писменоста и родовата еднаквост. Во однос на гореспоменатото, може да има мало сомневање дека трговијата е сила за добро.
Ејмон Батлер: Има многу работи за решавање. Една од нив е зголемениот фокус на безбедноста – дали треба да увеземе кинеска технологија, на пример, која може да се користи за шпионажа? Друго е ширењето на фалсификувани и пиратирани стоки, вклучувајќи облека и чевли, електроника, парфеми, играчки и лекови. Денес се поголем дел од трговијата се услугите, како што се банкарството, сметководството, правните услуги, здравството и образованието, дигиталните услуги и телекомуникациите, само по себе покренува прашања, како и општото прашање дали квалификациите на релевантните професионалци (како што се адвокати и сметководители) треба да бидат меѓународно прифатени. И поопшто, растот на економиите во развој (како што се Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Мароко, Филипините, Јужна Африка и Турција) ги навалува традиционалните економски рамнотежи меѓу регионите ширум светот. Но, со речиси сите земји кои се членки на СТО, сето ова се решава.
Ејмон Батлер: Хајек го има најдобриот одговор на темата: „Мораме изградбата на слободно општество уште еднаш да ја направиме интелектуална авантура, дело на храброст. Она што ни недостига е либерална утопија, програма која не изгледа ниту обична одбрана на нештата какви што се, ниту разблажен вид на социјализам, туку вистински либерален радикализам кој ги штеди чувствителноста на моќните (вклучувајќи ги и синдикатите), што не е премногу практично и што не се ограничува на она што денес изгледа како политички возможно… ако можеме да ја вратиме вербата во моќта на идеите што беше белегот на најдобриот либерализам, битката не е изгубена“.
Поврзано